• среда, 18 декември 2024

Суд на ЕУ: Бугарија ги крши европските норми со законот за прислушување

Суд на ЕУ: Бугарија ги крши европските норми со законот за прислушување
Софија, 11 јануари 2022 (МИА) - Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека бугарскиот закон за тајно следење ја прекршува Европската конвенција за човекови права, соопшти денеска европската институција. Од судот во Стразбур беше побарано да го оцени бугарскиот закон за надзор од 1997 година, како и неколку членови од кривичниот закон на земјата. Во денешното соопштение судот наведува дека „правните норми кои ја регулираат сферата на тајното следење не ги исполнуваат критериумите за квалитет на законот“ дефинирани во Европската конвенција за човекови права, а бугарската влада „не се задржала само на потребниот надзор“. Во пресудата на Европскиот суд за човекови права се вели дека бугарското законодавство за тајно следење, кое го регулира прислушувањето и следењето, е неквалитетно и не може да ги гарантира критериумите на демократските општества за почитување на приватноста на граѓаните. Овој случај во 2012 година го покренаа двајцата бугарски адвокати Михаил Екемџиев и Александар Кашамов, заедно со две групи за човекови права, но предметот е ажуриран со нови докази за тајно следење во изминатата деценија. Минатата година специјална парламентарна комисија ја откри една од најголемите шеми за прислушување во историјата на Бугарија. Тогаш беше утврдено дека биле прислушувани телефонски разговори на повеќе од 900 граѓани, меѓу кои новинари, политичари и активисти на организации за заштита на човекови права за време на неколкумесечните антикорупциски протести кои на крајот доведоа до пад на бугарската десноцентристичка влада. гт/

Остани поврзан