• петок, 22 ноември 2024

Суд: Гугл мора да разговара со француските издавачи околу надоместот за нивната содржина

Суд: Гугл мора да разговара со француските издавачи околу надоместот за нивната содржина
Париз, 8 октомври 2020 (МИА) - Гугл мора да започне разговори со издавачите во Франција околу плаќањето за користење на содржината, потврди Апелацискиот суд, отворајќи го патот за договор на ниво на целата индустрија во земјата. Пресудата би можела да одекне надвор од Франција бидејќи го принудува Гугл да седне на маса со издавачи и новински агенции, со цел да најде начин да им плати за „сродни права“ според правилата на ЕУ за авторски права, што им овозможува на издавачите да бараат надомест на штета од онлајн платформите за прикажување медиумска содржина. Пресудата се разликува од ветувањето на Гугл од минатата недела дека ќе им исплати една милијарда долари на издавачите за нивните вести во следните три години, бидејќи судската одлука подразбира изнаоѓање на одржлива методологија за исплаќање надомест на издавачи и новински агенции за вести. Проектот на Гугл за обесштетување на издавачите на весници, наречен Гугл Њуз Шоукејс (Google News Showcase), ќе започне во Германија, каде на проектот му се приклучија „Шпигел“, „Штерн“, „Дие Цајт“, како и „Фолха де С. Пауло“, „Бенд“ и „Инфобае“ во Бразил. Пресудата е донесена неколку часа откако Гугл објави дека е подготвен да постигне договор со француските издавачи за нивните информации. гт/

Остани поврзан