• среда, 17 јули 2024

Студентската организација БЕСТ Скопје организира информативен состанок за нови членови

Студентската организација БЕСТ Скопје организира информативен состанок за нови членови
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Интернационалната студентска организација БЕСТ Скопје, (Борд на европски студенти по технологија) денеска ќе одржи информативен состанок за нови членови, кој ќе се одвива со физичко присуство. - Периодот на студирање за повеќето млади луѓе е еден од највозбудливите периоди исполнети со високи очекувања и планови за остварување на сите цели, како на академски, така и на социјален план. Нашите планови не секогаш работат на начинот на којшто ние би сакале, но најважно е да се фокусираме на она што е највредно - развивање на својот најдобар студентски живот во околина којашто нѐ прави подобри верзии на самите себе, велат од БЕСТ Скопје. Бордот на Европски Студенти по Технологија - Скопје (БЕСТ - Скопје) е невладина, непрофитна студентска организација чијашто главна цел е развојот на студенти преку поддршката при личниот и академскиот развој, заедно со многу нови искуства и пријателства. оџ/вг/        

Остани поврзан