• недела, 05 мај 2024

Струга ТЛ нов македонски фудбалски шампион

Струга ТЛ нов македонски фудбалски шампион

Струга, 7 мај 2023 (МИА) – Екипата на Струга Трим Лум е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Стружани попладнево на домашен терен го победија Силекс, а во прилог им одеше поразот на Шкендија, па така на две кола пред крајот ја прославија шампионската титула.

 

Струга е десеттиот македонски фудбалски шампион. Историската прва шампионска титула, екипата на Струга ТЛ ќе може да ја обедини со трофејот од Купот на Македонија, бидејќи на 20 мај ја очекува финалето со Македонија ЃП.

 

Резултати на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ играни денес:
Академија Пандев – Тиквеш 1:4
Македонија ЃП – Победа 7:0
Работнички – Брегалница 5:4
Шкупи – Шкендија 2:1
Струга ТЛ – Силекс 3:0.

Слободен беше тимот на Скопје.

 

Табела: Струга 62 бода, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13. зс/

 

Фото: ФК Струга

Остани поврзан