• петок, 22 ноември 2024

Сто и осумдесет државјани на Северна Македонија вечерва слетуваат од Бон

Сто и осумдесет државјани на Северна Македонија вечерва слетуваат од Бон
Скопје, 30 март 2020 (МИА) - Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон. Ова го објави Владата на Северна Македонија на својот Фејсбук профил. -Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан