• недела, 22 декември 2024

Сто и една година од упокојувањето на Ѓорче Петров

Сто и една година од упокојувањето на Ѓорче Петров
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Општина Ѓорче Петров денеска одбележа 101 година од упокојувањето на патронот Ѓорче Петров. Во реонскиот парк пред споменикот денеска цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Стојкоски, како и други бројни делегации. Градоначалникот Стојкоски изјави дека неуморната борба за слобода и единство на Ѓорче Петров но и надареност за мисловни вештини, заложби и идеали за слободна држава денеска ги прави горди жители на општината. -Пред неговата смрт, Ѓорче Петров гласно зборувал дека македонскиот народ треба сам да решава за својата иднина. Ретки биле храбрите херои како нашиот патрон. Благодарение на таквите македонски јунаци, сто години подоцна новите генерации живеат слободно и во мир. Сто години подоцна, општината е современо, модерно и урбано јадро за живеење. Работиме правилно и чесно во правец на подобрување на состојбите и ќе продолжиме да чекориме сигурно, по пример на нашите претци. Нека биде вечно делото на Ѓорче Петров, рече Стојкоски. На денешен ден во 1921 година во Софија беше убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој својот живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан