• вторник, 19 ноември 2024

Стојаноска: Ќе изградиме градинки низ државата за да им помогнеме на младите родители

Стојаноска: Ќе изградиме градинки низ државата за да им помогнеме на младите родители
Скопје, 1 јули 2020 (МИА) - Носителот на изборната единица 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денеска од населбата Тетовчанка ги повика гостиварчани и тетовчани утре на граѓанските собири во Гостивар во 18:30 и во Тетово во 20;30 часот на градските плоштади на кои ќе се обрати партискиот лидер Христијан Мицкоски. Стојаноска презентираше дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6. -Ветуваме проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат кој ќе го користиме за да ја развиеме економијата. За да може да го исполниме ветувањето за зголемување на платите за најмалку 25 проценти, а со тоа и зголемување на пензиите за 20 проценти. Ќе го завршиме она што го имавме почнато пред 3-4 години, а СДСМ не можеа. Ќе спроведеме гасификација во Тетово и Гостивар и секаде низ Македонија, рече Стојаноска. Најави и изградба на градинки низ државата, вклучувајќи ги Тетово и Гостивар. -За младите ќе инвестираме и во спортот, ќе го модернизираме стадионот тука во Тетово. За Тетово многу важно, ветуваме модернизација на универзитетската клиничка болница која ќе го опслужува целиот полошки регион но и пошироко, потенцираше Стојаноска. Таа уште еднаш апелира граѓаните да внимаваат на своето здравје и на 15 јули да излезат и да и дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. мч/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан