• петок, 22 ноември 2024

Стојаноска: Пред две години како партија бевме за 120 изборни единици, но по анализите велиме нека биде една изборна единица

Стојаноска: Пред две години како партија бевме за 120 изборни единици, но по анализите велиме нека биде една изборна единица
Скопје, 3 февруари 2022  Дафина Стојаноска член на ИК и пратеничка во македонското собрание вечерва во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24 посочи дека точно е дека ВМРО-ДПМНЕ претходно за 120 изборни единици, но сега ја согледале фактичката состојба во државата која е алармантна и дека поради тоа бараат промени во изборниот законик за една изборна единица. Факт е дека ние пред две години како партија бевме за 120 изборни единици, но факт е дека ја согледуваме моменталната реална состојба во државата а тоа е дека навистина Македонија е во една незавидна положба. Не е тука само спорот со нашиот источен сосед, туку генерално демократијата. Власта мака мачи за да ја одржи коалицијата условувана и уценувана, токму тоа ние да се прилагодиме на моменталната и навистина алармантна состојба во државата, согледуваме, анализираме и велиме, ајде нека биде една изборна единица, вели Стојаноска. Стојаноска рече СДСМ не прифаќа една изборна единица бидејќи ДУИ не се согласува укажувајќи дека повеќе од јасно е дека клучниот збор во коалицијата го има ДУИ. ДУИ не се согласува со една изборна единица, иако СДСМ уште во 2016та година го имаше во својата програма, лани пред година дена Зоран Заев кога беше премиер исто така кажа дека е за една изборна единица, така да, навистина повеќе од очигледно е дека во коалицијата иако велиме дека СДСМ е власт во оваа држава, клучниот збор сепак го имаат ДУИ, изјави таа. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан