• понеделник, 23 декември 2024

Стојанов: Со интервенција во тротоари до овозможување инфраструктурен пристап на лицата со попреченост 

Стојанов: Со интервенција во тротоари до овозможување инфраструктурен пристап на лицата со попреченост 

Неготино, 3 ноември 2023 (МИА) - Со интервенција во тротоари овозможуваме инфраструктурен пристап на лицата со попреченост, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

На својот фејсбук пријател тој објави дека започна реконструкцијата на тротоари на улицата „Маршал Тито“ и изведба на спуштени тротоари. 

- Со цел за надминување на пречките од физичка непристапност долж главната улица во градот која поврзува неколку важни институции и овозможување пристап до истите за сите граѓани, а посебно за 120 регистрирани лица со попреченост во општината од кои седум се малолетници, повозрасни лица, родители кои се движат со колички и други, општината Неготино во соработка со УНДП, започна реализација на проект за реконструкција на тротоари на оваа и изведба на спуштени тротоари, напиша Стојанов. 

Тој појасни дека се реконструира тротоар во должина од 223 метри и ширина од 3,4 метри кај градскиот стадион и тротоар во должина од 328 метри и иста ширина од градската библиотека до центарот на градот, а се изведуваат и спуштени тротоари на неколку локации. 

- Со реализацијата на проектот бенефит ќе имаат сите граѓани, ќе се овозможи подобар инфраструктурен пристап за движење на лицата со хендикеп со нивните помагала, подобар урбан изглед на градот и обезбеден пристап до поважните институциии, додаде тој. 

Вкупната потпишана вредност на проектот изнесува 3.350.000 денари од кои УНДП обезбедува околу 70 отсто од средствата, а општината Неготино учествува со финансиски средства во висина од 1.156.762 денари. Изведувач на работите е Павер трејд ДООЕЛ. свд/мд/

Фото: Фејсбук на Горан Стојанов 

Остани поврзан