• среда, 20 ноември 2024

Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

Тетово, 8 август 2022 (МИА) - Во Тетово беше извршена промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово“ за изборите за Совет на Општината на 20 август. Покрај носителот Глигорије Стојановски и кандидатите за советници Стојанчо Трипуновски и Наташа Петровска, пред присутните се обрати и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Глигорије Стојановски рече дека во изминатиот период, по нивно барање како граѓани, се реализираа значајни проекти, кои се од голема важност за жителите на Општина Тетово. Порача дека нема да запрат со напорите за модерен и европски град. 

ашата заложба за модерно, европско Тетово, нема да престане. Со проектите кои се предвидени во нашата изборна програма на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово" ќе покажеме како треба да се работи во интерес на сите граѓани. Ви гарантирам, ве уверувам дека ќе вложуваме во урбанизмот и руралниот развој, со решавање на градската и приградската мрежа; во комуналната област, преку реконструкција на уличната водоводна мрежа; во заштитата на животната средина преку мониторинг и евидентирање на локалитетите, кои го загадуваат воздухот и се опасност по здравјето на луѓето;, преку локалниот развој на малите и средни претпријатија;, додека пак во образованието, ќе ги подобриме севкупните услови во училиштата, посочи Стојановски.

Тој порача и дека ќе ја дадат нивната поддршка на иницијативата „Тетово сака парк", а позади Спортскиот центар ќе се изгради нов Спортски комплекс, кој ќе биде со мини терен за мал фудбал, кошарка и терен за тенис, урбана опрема за забава на најмладите и детска патека за ролери и велосипеди.

Сања Лукаревска им порача на тетовчани да ги употребат својот глас за луѓе кои размислуваат поинаку и кои имаат свои идеи и енергија кои ќе работат во интерес на граѓаните и нема да молчат ако не работи добро градоначалникот.

-По промената на локалната власт, граѓаните очекуваа модерни општини меѓутоа од тоа само една голема нула.  Ова не се избори за градоначалник, ова се избори за Совет. Тоа се луѓето пред кои градоначалникот мора да биде отчетен и транспарентен. Да не дозволима на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години на празни ветувања, истакна Лукаревска.

На вечерашната промоција на кандидатите на советничката листа на СДСМ за Тетово, обраќања имаа кандидатите за советници Наташа Петровска и Стојанчо Трипуновски. Петровска и Трипуновски истакнаа дека како советници во идниот состав на Советот на општина Тетово ќе се залагаат нивните сограѓани да добијат подобри услови за живот.

-Знаеме дека сите ние му мислиме добро на наше Тетово, затоа на 20 август да гласаме за европско Тетово, да гласаме за број 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, порачаа Петровска и Трипуновски.

Тие посочија дека се подготвени заедно со советниците од коалициските партнери да се посветат на реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат напредок на општината во секое поле, во делот на инфраструктурата, образованието, културата, спортот.ас/са/

Остани поврзан