• понеделник, 23 декември 2024

Стотина канделабри со лед светилки светнаа на Китино Кале во Кичево

Стотина канделабри со лед светилки светнаа на Китино Кале во Кичево

Кичево, 13 март 2021 (МИА) - Како дел од проектот за ревитализација на Китино Кале се и 100-та канделабри со лед светилки поставени во овој парк со што прошетките на овој локалитет и навечер станаа многу попријатни и побезбедни.

-За да можат граѓаните безбедно да прошетаат на Китино Кале и во вечерните и ноќните часови, на овој локалитет поставени се 100-тина канделабри со лед светилки, што ќе овозможи во потоплиот период од годината нашите сограѓани почесто да шетаат и да се дружат на овој локалитет. Ова е прв дел од градот што целосно  е осветлен со квалитетни, штедливи лед- светилки, кои поради квалитетот на осветлување ноќта безмалку ја претвораат во ден. Со слично осветление наскоро во градот ќе бидат осветлени и сите најфрекфентни сообраќајници, вели Дарко Белски од општина Кичево.

На Китино Кале претходно имаше поставено канделабри со натриумови светла кои за многу кратко време беа уништени од неодговорни граѓани.

-Со оваа ревитализација Калето се очекува да добие и 24-часовно обезбедување, што ќе придонесе овие светилки да траат многу подолго и да му служат на населението подолг период и се она што таму е изградено  да биде во служба на граѓаните, вели Белески.

Завршувањето на целиот проект се очекува да се случи најдоцна до средината на април. за/ки/

Остани поврзан