• четврток, 21 ноември 2024

Столтенберг: Турција се согласи Финска и Шведска да станат членки на НАТО

Столтенберг: Турција се согласи Финска и Шведска да станат членки на НАТО
Мадрид, 28 јуни 2022 (МИА) - Турција се согласи да ги поддржи напорите на Финска и Шведска за влез во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. - Со задоволство можам да објавам дека сега имаме договор кој го отвора патот за Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, изјави тој за новинарите на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид. - Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум кој се однесува на загриженоста на Турција, вклучително и извозот на оружје и борбата против тероризмот, додаде тој. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан