• среда, 26 јуни 2024

Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски

Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски

Вашингтон, 17 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата годинава ќе ги исполнат сите планирани воени трошоци за потребите на западната воена алијанса.

Бројката, која Столтенберг ја соопшти за време на разговорот во Конгресниот центар Вудро-Вилсон во Вашингтон, е речиси четири пати поголема споредено со издвојувањата во 2021 година.

Членките на НАТО минатата година се согласија да издвојат најмалку два отсто од својот бруто-домашен производ за потребите на заедничкиот одбранбен систем. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан