• недела, 17 ноември 2024

Столтенберг: Праведно е Младиќ да одговара за своите злосторства

Столтенберг: Праведно е Младиќ да одговара за своите злосторства
Брисел, 8 јуни 2021 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал да ја потврди првостепената пресуда против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. - Праведно е тој да одговара за своите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи убиство на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, се наведува во соопштението на Столтенберг. НАТО наведува дека Алијансата помогнала да се завршат двете етнички војни на територијата на Западен Балкан во 90-те години од минатиот век и да се затвори „мрачното и срамно поглавје од европската историја“. - Регионот останува стратешки важен за нашиот Сојуз. Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста низ земјите од Западен Балкан, промовирајќи мир и помирување, се заклучува во соопштението. гт/

Остани поврзан