• четврток, 26 декември 2024

Стејт департмент: Русија е агресор

Стејт департмент: Русија е агресор
Вашингтон, 20 април 2021 (МИА) - Стејт департментот ја смета Русија како „агресор“ во однос на ситуацијата на руско-украинската граница и не гледа знаци дека Киев презема чекори за да предизвика тензии, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Нед Прајс. - Дозволете ми да бидам јасен: Русија е агресор во оваа ситуација. Не видовме никакви знаци дека Украина е вклучена во провокации или предизвикува тензии. Она што го гледаме е руска кампања за дезинформација насочена кон лажно обвинување на Украина за (агресивни) активности - факт создаден од Кремљ, истакна Прајс за време на брифингот. Тој потврди дека Вашингтон е „загрижен поради континуираните агресивни активности на Руската Федерација против Украина“. гт/

Остани поврзан