• четврток, 07 ноември 2024

Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам, право на секој мандатар е да си состави кабинет

Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам, право на секој мандатар е да си состави кабинет
Скопје, 13 јануари 2022 (МИА) - Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека не е прашана за конкретните причини зошто треба да замине од функцијата, како и за тоа што е сработено, додавајќи дека сепак право на секој мандатар е да си состави кабинет. - Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено. Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска во гостувањето на „Утрински Брифинг“. Таа смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала земја, а ова Министерство, како што рече, заслужува да се вложува во луѓето. - Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, додаде Стефоска.
Министерката за култура, исто така, напомена дека културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата таа е исклучително важна.
- Интеркултурниот дијалог во смисла на интеретничкиот дијалог, во смисла на институционалната и вонинституционалната сцена, независната, во смисла на извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее како во живата култура така и со културното наследство, рече министерката за култура во заминување Ирена Стефоска. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан