Стефковски: Започнаа градежните активности за изградба на улица „1“ во населено место Раштак
- Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид на градежните работи за изградба на „Улица 1“ во населеното место Раштак, за која вели по 75 години за првпат улицата добива асфалт.
Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид на градежните работи за изградба на улица „1“ во населеното место Раштак, за која во објава на својот фејсбук профил вели по 75 години за првпат улицата добива асфалт.
Оваа година реконструирани и ревитализирани се повеќе од 40 локални улици, вели Стефковски, и како што стои во објавата асфалтираните улици на површина од над 30.000 метри квадратни се доказ за решителноста да нема улици во кал во општината.
-Денес направив увид на градежните работи за изградба на улица 1 во населеното место Раштак. Имав можност да го сретнам 75 годишниот чичко Ванчо кој ми кажа дека памети уште од дете како газеле по кал што значи дека по 75 години за прв пат оваа улица добива асфалт. Оваа година како општина посветивме сериозно внимание на патната инфраструктура преку реконструкција и ревитализација на повеќе од 40 локални улици. Реализираните проекти и асфалтираните улици на површина од над 30.000 метри квадратни е доказ за мојата решителност во Гази Баба да нема улици во кал. Продолжуваме со истото темпо и во следниот период, стои во објавата на Стефковски. ра/цр
Фото: Фејсбук статус на Бобан Стефковски