• недела, 22 декември 2024

Стано: Одговорните за евентуална ескалација на тензиите во Косово ќе сносат последици 

Стано: Одговорните за евентуална ескалација на тензиите во Косово ќе сносат последици 

Брисел, 2 септември 2024 (МИА) - Европската комисија смета дека последните случувања во Косово претставуваат некорисен и уште еден некоординиран едностран потег, што може да доведе до зголемување на тензиите и ескалација на и онака нестабилната ситуација на теренот, изјави денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

- Европската Унија сега до властите во Приштина ќе ја пренесе нашата позиција и нашето несогласување со овие некоординирани еднострани потези. Имавме заклучоци на Европскиот совет минатата година во кои земјите членки беа многу јасни дека одговорните за продолжување на ескалацијата ќе сносат последици, додаде Стано во одговор на прашање што ќе преземе ЕУ во врска со „упадот на косовската полиција во српските институции во Косово и попречувањето на вработените да пристапат до нивните работни места“. 

Запрашан кога може да се очекува следната рудна разговори меѓу шефовите на српскиот и косовскиот преговарачки тим, Стано одговори дека засега не може да каже датум за одржување на таквата средба и покрај најавите дека посредникот на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак ќе отпатува за Приштина со цел да договори продолжување на преговорите. 

- Наша цел е да обезбедиме средба на шефовите на преговарачките тимови што е можно побрзо, бидејќи на масата има многу прашања што треба да се решат, додаде Стано. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан