• петок, 22 ноември 2024

Стадионот на Наполи ќе биде преименуван во чест на Марадона

Стадионот на Наполи ќе биде преименуван во чест на Марадона
Неапол, 1 декември 2020 (МИА) - Стадионот на калчолигашот Наполи „Сан Паоло“ ќе биде преименуван во чест на Диего Марадона веќе за следниот натпревар, пренесува „tuttonapoli.net“. Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис побарал на седницата в петок градскиот совет да ја одобри одлуката. Следниот натпревар на домашен терен Наполи го игра на 10 декември против Реал Сосиедад во групната фаза од Лигата на Европа. Марадона почина на 25 ноември на 60-годишна возраст. Во Наполи, тој го помина најуспешниот сегмент во својата кариера. Го освои италијанскиот шампион двапати, ги освои Купот и Суперкупот на земјата и Купот на УЕФА помеѓу 1984 и 1991 година. зс/

Остани поврзан