• недела, 22 декември 2024

Стабилно време, до сабота утрата студени, дневните темпратури во пораст

Стабилно време, до сабота утрата студени, дневните темпратури во пораст
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Стабилно време се очекува во наредните денови со значително ниски утрински температури, но дневни кои ќе бидат во пораст. Од УХМР информираат дека до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата. Утре во целата земја утринската ќе биде под нулата и ќе се движи од минус девет до минус еден степен, во сабота од минус шест до нула, во недела од минус три до три, понеделник од минус еден до пет, вторник од нула до седум и во среда веќе се над нулата од еден до осум степени. Дневните температури утре од три до 16 степени, во сабота од 10 до 17, во недела од 12 до 19 степени, а од понеделник ќе имаме температури од 13 до 21 степен. скс/ац/

Остани поврзан