• сабота, 23 ноември 2024

ССМ, СУТКОЗ И УПОЗ на средба со градоначалникот Таравари

ССМ, СУТКОЗ И УПОЗ на средба со градоначалникот Таравари
Гостивар, 30 јуни 2022 (МИА) - Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија и Општина Гостивар се договорија да склучат анекс на колективниот договор во Општина Гостивар, според кој сите вработени добиваат усогласување со минималната плата од 2 806 денари во нето износ, а Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија во Јавните претпријатија ЈП комуналец Гостивар, ЈП Паркинзи и паркови и зеленило и ЈП Спортска сала Гостивар ќе склучи спогодби за 2 806 денари во нето зголемување на платите. Ова се заклучоците од денешната средба на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија и СУТКОЗ, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Травари, во врска со барањата на ССМ, УПОЗ и останатите синдикати за зголемување на платите на работниците за 2 806 денари во нето износ за сите вработени во Општината, како и јавните претпријатија на општинско ниво. - На состанокот учествуваа и тимови од ССМ и УПОЗ и Општина Гостивар кои дискутираа за начинот на остварување на ова право за работниците. ССМ и УПОЗ го поздравуваат пристапот на градоначалникот, Таравари за зголемување на платите на работниците во Општината кој ги прифати барањата на ССМ и УПОЗ, велат од ССМ. Како што посочија, Општина Гостивар заедно со градоначалникот се одговорна општина која ги почитува работниците и истата претставува пример што треба да го следат и другите Општини. ки/дма/

Остани поврзан