• сабота, 21 декември 2024

Средба Стоилковиќ - Нешиќ: Единствениот пат и на РС Македонија и на БиХ е приближување до европското семејство

Средба Стоилковиќ - Нешиќ: Единствениот пат и на РС Македонија и на БиХ е приближување до европското семејство

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, кој е во неколкудневна работна посета на земјава, информираат од неговиот кабинет.

Оттаму посочуваат дека соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.

- Двајцата министри се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и дека единствениот пат и на РС Македонија и на Босна и Херцеговина е приближување до европското семејство, па во таа насока останувањето на иста патека и, секако, соработката треба да го задржат досегашното ниво, соопштуваат од кабинетот на вицепремиерот.

Стоилковиќ меѓу другото го запознал босанскиот колега Нешиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучиле дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина. ир/дма/

 

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

Остани поврзан