• понеделник, 23 декември 2024

Средба со министерот Тупанчески со основниот јавен обвинител Бубевски

Средба со министерот Тупанчески со основниот јавен обвинител Бубевски
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со обвинителот на Основното јавно обвинителство - Скопје, Гаврил Бубевски. На средбата, како што соопшти Обвинителството, се разговараше за потребите на Основното јавно обвинителство Скопје, како обвинителство со најголем обем на предмети во државата. Од тој аспект беа разгледани можностите за техничка поддршка за опремување на истражниот центар во ова Обвинителство и за ставање во функција на судницата во КПУ Затвор „Идризово“. Бубевски и Тупанчески дискутираа и за динамиката на активности на работните групи кои го подготвуваат новиот Кривичен законик и на измените во Законот за кривична постапка. Во тој контекст беше нагласено дека се очекува новите законски решенија да бидат доставени во собраниска процедура до крајот на годинава.​ мс/сп/

Остани поврзан