• петок, 05 декември 2025

Средба Николоски-Грубер: Потврдени добрите односи меѓу Македонија и Австрија

Средба Николоски-Грубер: Потврдени добрите односи меѓу Македонија и Австрија

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер,  генерален секретар во федералното Министерство за економија. На средбата на која биле потврдени добрите билатерални односи, се разговарало и за економската и трговска соработка меѓу двете земји.

-Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање, информираат денеска од Министерството за транспорт.

Вицепремиерот Николоски на средбата посочил дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори. Во таа насока го презентирал проектот за брза пруга на коридот 10, економските и транспортни бенефти од реализација на овој проект за регионот и Југоисточна Европа.

Вклученоста на Австрија во овој регионален проект ќе ги поттикне економските перспективи на регионот, потенцирал вицепремиерот Николоски и додаде дека истиот ќе придонесе за стабилизација, брз и сигурен транспорт на добра и патници.
 
На средбата се разговарало и за реализација на заеднички инвестиции во гасоводната мрежа,  економските политики на владите, а разменија и мислења и во однос на актуелните политички случувања и нивното влијание врз регионот. сст/са/

Фото Министерство за транспорт

Остани поврзан