• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора

Средба на претседателот Пендаровски со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора

Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски  оствари средба со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, на која беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора.

-Притоа беше оценето дека тие се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел - членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ, се додава во соопштението, разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина. хс/лв/

Остани поврзан