• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Лога и обвинителот Абази, разговарале за предметот за модуларните болници

Средба на министерот Лога и обвинителот Абази, разговарале за предметот за модуларните болници

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Постапката која е во тек во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, била една од темите на разговор на денешната средба на министерот за правда Кренар Лога и шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

-На средбата меѓудругото се разговараше за постапката која е во тек во ова Обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена  јавнообвинителска одлука, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Лога и Абази дискутирале и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027, како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази, како што соопшти Министерството за правда, го информирал министерот Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите, истакнал Абази.

Координативни средби, како што е наведено во соопштението од Министерството за правда, ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период. дма/са/

 

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан