• понеделник, 23 декември 2024

Средбата Ковачевски-Мишел презакажана за утре

Средбата Ковачевски-Мишел презакажана за утре

Брисел, 3 февруари 2022 (МИА) – Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски требаше попладнево да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, средбата е одложена за утре во 9 и 30 часот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија од Европскиот Совет за МИА.

Средбата помеѓу премиерот Ковачевски и шефот на Европскиот Совет беше одложена поради лични причини на претседателот Мишел.

Ковачевски утре, исто така, има состанок со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Вечерва тој ќе се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. тм/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан