• вторник, 12 ноември 2024

Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места

Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места

Франкфурт, 6 септември 2023 (МИА) - Бројот на нови работни места што се креирани годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во државава достигна над 1 100. Од Дирекцијата за ТИЗР најавуваат еднакви можности за домашните и странските инвеститори со измените на Законот за индустриски зони, што се во финална фаза.
 
-Покрај постојаниот раст на извозот, на економијата внатре во самите зони, имаме раст на работните места. Последните податоци заклучно со август, покажуваат дека во текот на оваа година имаме повеќе од 1100 нови работни места што се креирани во рамки на зоните. Тоа значи дека трендот што го почнавме пред две до 2,5 години, стабилно продоложува да се движи напред, изјави за МИА Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Деспотовски, кој со владина делегација беше во работна посета на Германија, по повод  договорот со германската компанија БМЗ за нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 2 и бизнис форум со германски стопанственици, укажа и на важоста на примената на програмите за развој на вештини.  

 - Во разговорите тука во Франкфурт се покажа исправен нашиот пристап дека треба да се посочува на интересот на институциите и на државата дека платите мора да растат понатаму и тоа не е проблем за германските компании и инвеститори. Како важножи беа посочени програмите за развој на вештини, рече Деспотовски.  

Покрај активностите поврзани со дуалното образование и програмите за поддршка  на компаниите, од пред неколку месеци Дирекицијата за ТИРЗ во соработка со  невладини организации работи на посебни програми за поддршка и поттикнување вештини кај различни категории помлада популација, средношколци, студенти,...

-Станува збор за поттикнување на развојот на критичкото  размислување и вештини. Во првите две програми имавме две групи  помлади сограѓани кои успешно учествуваа на две олимпијади во Јапонија, а компанијата  со која вчера потпишавме договор во Франкфурт е првата  која презема формална обврска да ги финансира тие програми во иднина.  Ќе упатиме повик до сите останати наши постојни но и нови инвеститори активно да се вклучат во овие програми и да помогнат во развојот на тој сегмент, изјави Деспотовски.  

Со пакетот реформи на зоните се опфатени и измените на Законот за индустриски зони што се веќе во финална фаза со кои, според него, се  креираат еднакви можности и за домашните и за странските компании.  

-Идејата е сите домашни компании што веќе функционираат во рамки на зоните што се „под капата“ на општините да добијат можност во рамки на новиот закон да уживаат во бенефициите на современа инфраструктура, но, исто така и на поефикасни јавни услови што ги обезбедува Дирекцијата. Сите индустриски зони, што функционираат во рамки на општините, сите т.н зони што немаат формално-правен статус, ќе можат да влезат во рамки на системот на ТИРЗ.  Тоа значи дека како институција на централната власт  целото наше знаење и капацитет ќе ги ставиме на располагање.  Ќе можеме директно да вложуваме во развој на пристап до енергија, на сите програми поврзани со развој на човечки ресурси... Државната поддршка ќе биде тука за нив, рече Деспотовски. 

За законските измени се финализират консултациите со клучните институции, а Деспотовски очекува Министерството да го презентира пред Владата во наредните неколку недели.лв/са/

фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан