• петок, 05 декември 2025

Србите за Трамп објавија: Чарли Кирк играл кошарка за „Белите орли“

Србите за Трамп објавија: Чарли Кирк играл кошарка за „Белите орли“

Белград, 14 септември 2025 (МИА) - Организацијата „Србите за Трамп“ сподели видео на социјалната мрежа „Х“ од Чарли Кирк од периодот кога тој играл кошарка за „Белите орли“.

„Каде што ќе замолчиш еден глас, илјада други ќе се кренат“, Чарли Кирк постигнува поени со своите соиграчи од „Белите орли“, се вели во описот на видеото.

Кирк во друго видео објаснува дека пораснал во Чикаго со Срби. 

„Пораснав во Чикаго со многу Срби. Имам слабост кон Србите. Тие се одлични. Го знам најлошиот збор на српски јазик и нема да го кажам во емисијата бидејќи Федералната комисија за комуникации (FCC) ќе најде начин да ме казни“, вели тој во видеото.

Кирк зборува дека тренерот во тоа време го поканил во тимот и дека дури имал дрес со неговото име на него и дека бил единствениот Американец во тимот. ир/дј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан