Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
- Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.
Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).
Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.
На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување, за констатираните неправилности се издадени решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.
-Нашите инспектори минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет, наведува од Агенција за храна и ветеринарство. мч/дма/
фото: МИА архива