• понеделник, 23 декември 2024

Спроведена акција за сечење и кастрење на стари гранки, дрва и грмушки на паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“- Скопје

Спроведена акција за сечење и кастрење на стари гранки, дрва и грмушки на паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“- Скопје
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - ЈП „Градски паркинг“ - Скопје во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела до денеска работеше на уредување, односно кастрење, сечење и кроење на гранки, грмушки и дива ограда на повеќе локации, односно паркиралишта со кои тие стопанисуваат. Имено, како што наведуваат од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, се сечеле гранки и стари и суви дрвја кои претставуваа опасност за околината и при посилен ветер постоше можност да паднат и да оштетат возила или повредат пешаци. - Акциите се спроведоа врз основа на донесени Решенија од страна на Град Скопје на следниве локации: Зона Ц46 – лоцирана кај зградата на МРТ, Зона Ц19 – лоцирана кај Универзална сала, Зона Д62- на мостот кај парк улицата кај ресторан „Балканика“, Кочо Рацин– лоциран спроти Црвен Крст и 8 Септември – лоциран кај Градска Општа Болница 8 Септември, се вели во соопштението. Исто така, додаваат, во соработка со екипи за одржување на јавната хигиена и чистота од Општина Центар по завршување на акцијата за сечење и кастрење гранки се исчисти и паркингот „Кочо Рацин“. - Останатите локации беа исчистени од страна на екипи на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, кои редовно се грижат за одржување на хигиената и јавната чистота на паркиралиштата со кои ние стопанисувме, наведуваат од претпријатието. мс/сп/

Остани поврзан