• петок, 22 ноември 2024

Спорни 300.000 објави на Твитер во врска со американските избори

Спорни 300.000 објави на Твитер во врска со американските избори
Твитер соопшти дека во текот на последните две седмици околу 300.000 објави се означени како спорни и нивната содржина би можела да претставува лажна или погрешна информација за американските претседателски избори. Таа социјална мрежа беше критикувана за време на изборите во 2016 година поради овозможување ширење на непроверени информации, и овој пат, во жешка политичка клима, се обиде да го намали бројот на твитови за кои смета дека ги доведуваат луѓето во заблуда.
На секои 500 објави во периодот меѓу 27 октомври и 11 ноември, пристигнувал по еден таков твит, соопшти Твитер, нагласувајќи дека во иднина ќе продолжи да означува спорни објави. Напорите на Твитер беа највидливи кога станува збор за објавите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој вчера објави твит за нерегуларности на изборите. Под неговата објава стоеше предупредување: „Ова тврдење за изборна измама е спорно“. гт/

Остани поврзан