• понеделник, 23 декември 2024

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија (ДПЛ)

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија (ДПЛ)
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Северна Македонија. Пич ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на премиерот Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Целта на посетата е да се разговара за понатамошниот развој на односите меѓу двете земји, да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евро-атлантската интеграција на Северна Македонија и да се потврди посветеноста за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан, соопшти Британска амбасада во Скопје.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.са/вг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан