• петок, 20 декември 2024

Спасовски: Реновирани 78 објекти, нови униформи и опрема за полицијата

Спасовски: Реновирани 78 објекти, нови униформи и опрема за полицијата
14 октомври 2022 Министерот Спасовски во интервјуто за кумановската ТВ Плус, покрај стратешки поставените реформски процеси уште на почетокот на мандатот за деполитизација, департизација и професионализација, зборуваше и за подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, истакнувајќи дека само задоволна полиција е гарант за создавање на взамна синергија и доверба меѓу полицијата и граѓаните за целосна безбедност на нашето општество.„На почетокот, како раководство на МВР, поставивме три принципи на работа и тоа деполитизација, департизација и професионализација. Сите реформи што ги правевме во изминатиот период, од реформи во безбедносниот систем, во следење на комуникациите, создавање на надворешни механизми на контрола немаше да бидат целосно ефикасни без вложување во инфраструктурата и опремата, бидејќи само мотивирани службеници можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните“, потенцираше министерот Спасовски.Тој уште еднаш потсети дека во мандатот на оваа раководство на МВР веќе се целосно реновирани 76 објекти, два нови - ОВР Свети Николе и ЕВР Гази Баба кои ќе се промовираат веќе следните денови, а веќе се почнати подготовките за реновирање на највиталниот објект на МВР – Центарот за Обука во Идризово.„Имавме полициски станици кои над 50 години не беа реновирани. Ќе продолжиме со целосна реконструкција на Управните служби во зградата на МТВ кои се лицето на МВР пред граѓаните, градба на нова полициска станица во Аеродром и во многу скоро време ќе ја пуштиме новата зграда на Форензичкиот центар и новиот податочен центар во Прилеп за заштита на електронските податоци. Притоа, ги запазивме основните принципи на кои Владата се обврза дека ќе работи, а тоа се заштита на животната средина и енергетската ефикасност на објектите“, министерот Спасовски ги потенцираше инфраструктурните инвестции во МВР.Тој подвлече дека се вложува и во делот на потрошувачката на енергија со енергетски фасади и прозорци, соларни панели за топла вода, со цел да се заштедат буџетските пари кои се пласираат на другите места согласно приоритетите, работејќи под мотото „Сината униформа делува за зелена околина“ и го истакна фактот дека од 2017 до 2020 година има намалување на сметките за електрична енергија од 45 милиони денари што претставува заштеда која се движи од 7% до 33%.Во делот за инвестициите во нови униформи министерот потенцираше дека во изминатиот период интензивно се вложуваше во замена на униформите на сите единици, некаде и по повеќе пати, од граничната до специјалните единици, за што овие години се инвестирани повеќе од 10 милиони евра со цел на поефикасно работење на полицијата и промена на перцепцијата на граѓаните за неа.„МВР беше премногу затворена институција, без никакво пласирање информации во јавноста и таква беше и перцепцијата на граѓаните за министерството. Сето тоа го променивме, од нискиот степен на доверба од граѓаните денес имаме висока доверба и сме една од трите најтранспарентните институции според релевантни мерења“, посочи Спасовски, додавајќи дека ќе продолжи трендот на вложување во безбедноста, имајќи предвид дека функционирањето на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.На унапредување на личното и професионално задоволство на полициските службеници, Спасовски потсети дека од овој месец сите вработени во МВР земаат 5% зголемени плати, што е трето зголемување од 2017, бонус платите за остварени 150 прекувремени работни часови и другите придобивки дефинирани во преговорите со Македонскиот полициски синдикат со ветување до полициските службеници дека постојано ќе се работи на унапредување на условите за работа во полицијата, за создавање на задоволна полиција која ќе носи безбедност за своите граѓани.
Во интервјуто на Спасовски на ТВ Плус - Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали позачестените сообраќајни патроли и казни ќе придонесат за поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи и дали се доволни сегашните полициски патроли во Куманово, објасни дека сите расположливи сили се ставени во функција на граѓаните и дека во моментов има над 50 нови полициски службеници кои што се распоредени во СВР Куманово како приправници.„Безбедноста сме сите ние, секој еден човек, секој граѓанин. На подрачјето на СВР Куманово во периодот од почетокот на 2022 година заклучно со  30.09.2022 година се санкционирани 4.157 возачи кои управувале под дејство на алкохол. За истиот период во 2022 година биле санкционирани 7.062 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека во  првите девет месеци од 2021 година биле санкционирани 6.919 возачи за истот прекршок. На подрачјето на градот Куманово во месец септември 2022 година нема регистрирано ниту една жртва при случена сообраќајна  незгода, додека во месец септември во  2021  имаше едно загинато лице во сообраќајна незгода. Исто така, во период од 01.09.2022 до 30.09.2022 година  биле санкционирани 130 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 793 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека за истиот период  во 2021 година биле санкционирани 51 возач кои управувале возило под дејство на алкохол и 442 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната“, истакна Спасовски.Министерот потенцираше дека една од причините зошто бројките оваа година се зголемиле, е што се големени и контролите, меѓутоа изрази лично незадоволство од начинот како граѓаните гледаат на безбедноста во сообраќајот.„Не може да биде причина да внимаваме во сообраќајот само затоа што ќе има полициска патрола. Ние мораме да знаеме дека безбедноста во сообраќајот значи да го чуваме својот живот, на нашите сопатници и на сите учесници во сообраќајот. Вкупно на територијата на државата за овие девет месеци во 2022 година санкционирани се 74.604 возачи за брзо возење, додека во истиот период лани санкционирани се 82.999 возачи. За возење автомобил со затемнети стакла, односно неатестирани фолии, во првите девет месеци од 2022 санкционирани се 953 возачи, додека во истиот период лани санкционирани се 802 возачи. За возење под дејство на алкохол во првите девет месеци од 2022 санкционирани се 9.598 возачи, додека во истиот период лани санкционирани се 7.942 возачи. Така што, ако погледнеме и во делот на жртви во сообраќајни несреќи во првите девет месеци од 2021 година вкупно загинати лица во сообраќајни незгоди се 94, додека оваа 2022 година во истиот период има 88 загинати лица. Значи, со сите овие мерки и на превенција и репресивни мерки кои ги преземаме и контролите што ги правиме, навистина имаме подобрување на резултатите. Така што и повеќе полициски службеници на терен има, не само во СВР Куманово, туку и на територијата на државата. Апелирам до сите граѓани да имаме повисоко ниво на одговорност во делот на безбедноста“, потенцираше минстерот Спасовски.
  Министерство за внатрешни работи ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан