• вторник, 26 ноември 2024

Спасовски: Приведени над 60 лица по разни основи од 30 октомври до 5 ноември

Спасовски:  Приведени над 60 лица по разни основи од 30 октомври до 5 ноември

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) -  Во периодот од 30 октомври до 5 ноември годинава приведени се над 60 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, разбојништво, тешки кражби, криумчарење мигранти, дрвокрадци, лица барани со потерница, приредување игри на среќа без лиценца, наведува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

Како што истакнува Спасовски, во посочениот период преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

По преземени мерки на секторите за внатрешни работи низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3452 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, а остварени се и 13 превентивни активности на теми превенција од трговија со дрога, врсничко насилство и безбедност во училишта, безбедност во сообраќајот.

-Продолжуваме - транспарентно и отчетно!, истакнува Спасовски.лв/аа/

фото: Фејсбук на министерот Оливер Спасовски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан