• вторник, 19 ноември 2024

Спасовски од дебата помеѓу носителите на листи во ИЕ2: Опцијата е проекти и сигурна иднина, а не обнова на режимот 

Спасовски од дебата помеѓу носителите на листи во ИЕ2: Опцијата е проекти и сигурна иднина, а не обнова на режимот 
Скопје, 1 јули 2020 (МИА) - Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва на дебата во ТВ 21 помеѓу носителите на листи во Изборната единица 2 порача дека треба да се натпреваруваат со проекти, со тоа што го направиле и што планираат да го направат. Опцијата е, нагласи тој, да продолжиме во сигурна иднина. - Не е прашање што треба да обновиме, затоа што обновувањето на државата почна пред три години, тогаш кога го поразивме режимот, вие тој режим го знаете најдобро, кумувавте на тој режим 11 години. Куманово го оставивте без ниту еден денар во 11 години владеење. Да бидеме искрени, нагласи Спасовски, во врска со понудата на коалицијата Можеме и тоа за што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот носител на листа во ИЕ 2.
Излезете на изборите, повика Спасовски, граѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други.
- Застапуваме концепт на сигурна и јасна перспектива наспроти концептот на опасност. Станавме членка на НАТО, развиваме концепт Едно општество за сите, држава со нова развојна економија. Поддршката за коалицијата Можеме е поддршка за иднината на оваа држава, порача носителот на листа во ИЕ 2 на коалицијата Можеме, Оливер Спасовски, во вечерашната дебата на ТВ 21.
  Спасовски за предлогот од ДУИ околу кандидат за премиер беше дециден дека тоа е Зоран Заев. - Ја имаме поддршката од сите етнички заедници, а вие излегувате со концепт без визија како ќе го реализирате, рече Спасовски. Тој, во вечерашната дебата на носителите на листи во ИЕ 2 го коментираше и потегот на ДУИ за кандидат за премиер и порача дека национализмот не е решение, а претседателот на СДСМ и иден мандатар Зоран Заев ја има поддршката од сите етнички заедници. - Изборите се за тоа да им дадеме на граѓаните да одлучуваат. Времето на наши, ваши, нема да донесе добро за никого. Ние успешно градиме Едно општество за сите, со еднакви права и обврски. Тој кој ќе обезбеди мнозинство ќе ја формира Владата. Уцени условувања, не се решение. За нас мора да бидат важни сите и Македонци и Албанци и Турци и Срби итн. Ние имаме наш кандидат за премиер, тоа е Зоран Заев. Како партија покажавме дека сме мултиетничка партија и дека имаме потпретседатели Албанци и дека ставаме министри на позиции и дека имаме на директорски места Албанци и дека имаме поддршка од албанскиот електорат во државата и тоа не е спорно. Многу е лесно да излегувате со некакви концепти и при тоа да немате јасна визија како тоа да се реализира, рече Спасовски. цр/скс/  

Остани поврзан