• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Кривична одговорност за сите групирања, бесплатниот телефонски број ќе помогне во спречување на забави

Спасовски: Кривична одговорност за сите групирања, бесплатниот телефонски број ќе помогне во спречување на забави
Скопје, 29 декември 2020 (МИА) - Ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како група, тогаш и сопственикот на тој објект што го издал и оние кои се присутни на забавата ќе одговараат, односно ќе сносат кривична одговорност, рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој во гостувањето во телевизијата Сител, рече дека со групирање директно се прекршуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Во однос на бесплатниот телефонски број што беше објавен вчера на кој граѓаните можат да се јавуваат и да ги пријавуваат забавите и групирањата, Спасовски рече оти суштината на овој проект е да бидат партнери со граѓаните. -Суштина на проектот е да бидеме партнери заедно со граѓаните. И тоа е секаде во развиениот и демократски свет. Ова не е враќање во некое друго време, тоа друго време беше време во кое власта правеше следење и прекршување на човековите права. Но, да се изборите за почитување на законот и почитување на одлуките да се озборите за заштита на здравјето на граѓаните, тоа не е недолично однесување, туку напротив, едно одговорно партнерско однесување на граѓаните, рече Спасовски. Тој верува оти овој проект со телефонскиот број ќе помогне, затоа што како што рече, и до сега и деновиве имале бројни јавувања кои резултирале со спречување на таквите забави. -Генерално нормално треба да помине новогодишната ноќ, да си празнуваме сите одговорно заради тоа што апсолутно мислам дека ќе биде погрешно и никој од нас нема да биде спокоен доколку на новогодишната ноќ организираме каква било забава или прослава или дочек на Новата година во некаков голем круг на пријатели, на соработници итн., додаде министерот. Според Спасовски, граѓаните не треба ништо сериозно да направат во овој период, освен да празнуваат одговорно, да си празнуваат во кругот на семејството и на тој начин да придонесат заеднички кон справувањето со КОВИД кризата. Појасни дека ќе има конторли на целата територија на државата во сите градови и во сите туристички центри. -Ние сме должни да работиме да ги оствариме нашите овластување и да вршиме надзор и контрола во спроведување на мерките, посветено и максимлано ќе работиме да извршиме контрола таму каде е потребно и да помогнеме сите како општество да го спречиме ширењето на вирусот, рече Спасовски. Министерот кажа дека Новата година ќе ја помине дома во кругот на своето семејство. -Јас ќе ја поминам Новата година во кругот на моето семејство, впрочем секоја Нова година сум дома со семејството бидејќи имам премногу активности во текот на годината, а новогодишната ноќ е најубаво да се помине во кругот на семејството, додаде Спасовски.бт/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан