• недела, 24 ноември 2024

Спасовски: Владата во минатите четири години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во Сопиште

Спасовски: Владата во минатите четири години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во Сопиште
Скопје, 1 септември 2021
Вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски беше дел од маалска средба во Сопиште.
Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште.
- Овде во Сопиште завршена е рехабилитација на регионалниот пат Сопиште - Долно Соње со должина од 3,7 километри  за што вложивме 220.000 евра во 2020 година. Рехабилитиран е регионалниот пат Сопиште - Говрлево долг 7,20 км, за што издвоивме 620.000,00 евра во 2020 година. Она што го правиме како централна власт во овие четири години во сите области, придонесе денес нашите граѓани да имаат повисок животен стандард, да се отвораат нови работни места, а општините и регионите рамномерно да се развиваат, порача Спасовски.
Поради сето тоа, додаде Спасовски, но и поради најдобрата кадровска и програмска понуда СДСМ е фаворит на овие локални избори.
Ја комплетиравме понудата на кандидати за градоначалници во 69 општини. Една од нив е и Сопиште општина која со години е запоставена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за Сопиште имаме квалитетна силна понуда во кандидатот Сашо Стојановски кој многу добро знае што му треба на Сопиште кој е подготвен да работи посветено за своите сограѓани. СДСМ со Стојановски оди на победа на овие локални избори, заклучи Спасовски.
Центар за комуникации на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан