• петок, 22 ноември 2024

Со цртање на отворено во Струмица одбележана Детската недела и Денот на учителите

Со цртање на отворено во Струмица одбележана Детската недела и Денот на учителите
Струмица, 5 октомври 2021 (МИА) - Со цртање на штафелаи во Градскиот парк во Струмица денеска беше одбележана Детската недела и Денот на учителите во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“. На денешниот настан учествуваа ученици од основните училишта од сите општини во струмичкиот регион заедно со нивните наставници по ликовно образоавание. - Темата на која творат учениците е „Не заборавајте ги децата, дарувајте им љубов и внимание“. Оваа тема е прифатлива за децата, бидејќи на нив секаде им е потребна љубов и внимание. Цртаат на хамер, а користат сув пастел, рече Светлана Мазгалоска Вучетиќ, директор на Домот за деца и млади во Струмица. Најави дека одбележувањето на Детската недела ќе продолжи со распишаниот ликовен и литературен конкурс на тема „Поубав свет за сите“, кој треба да се одржи на крајот на овој месец. рт/ар/

Остани поврзан