• среда, 17 јули 2024

Социјалистичка партија на Македонија: Министерот Шаќири несериозно се однесува со печатењето и доставувањето на учебници

Социјалистичка партија на Македонија: Министерот  Шаќири несериозно се однесува со печатењето и доставувањето на учебници

Скопје, 27 септември 2023

 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека министерот за образование Шаќири несериозно се однесува во врска со печатењето и доставувањето на учебници што е негова надлежност и обврска.

Неговите ветувања и датуми кои ги набројува не се исполнуваат, додека учениците учат од прирачници и од се друго ама не и од учебници. 

Министерот се уште не објавува уште колку учебници надостасуваат во сите степени на образованието со оглед дека конкурси за автори и за рецензенти се објавуават постојано, што значи дека работата со учебниците не е довршена.

Реално е незадоволството од наставниците, од учителите и од професорите кои не се задоволни од условите во кои работат како и од платите кои заостануваат споредени со растот на цените и инфлацијата.

Шаќири, како и неговиот шеф Ковачевски, како да не ги засегаат проблемите во образованието туку најважни се измените на Уставот  како прв приоритет. За тоа како им е на учениците и на родителите не им е грижа. 

Затоа Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изместените приоритети на власта ја покажуваат неспособноста и погрешните политики кои ги води Владата и заради тоа мора да си оди, а изборите да се одржат веднаш.

Социјалистичка партија на Македонија

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан