• петок, 08 ноември 2024

Социјален и финансиски пакет за поддршка на социјално загрозени лица во општина Аеродром

Социјален и финансиски пакет за поддршка на социјално загрозени лица во општина Аеродром
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Советот на Општина Аеродром донесе одлука за носење на социјален и финансиски пакет за помош на сограѓани што се најпогодени од економската криза, информираат од Општината. -Станува збор за економски пакет изработен со помош од експерти и вклучува 1.000 денари месечна субвенција за струја за приматели на социјална помош, 1.000 денари месечна субвенција за топол оброк и ужина на децата приматели на социјална помош, 1.000 денари месечна субвенција за топол оброк за деца на самохрани родители со ниски примања и 1.000 денари месечна помош за приматели на минимална пензија, се вели во соопштението. Дополнително, како што информираат од Општина Аеродром помеѓу главните приоритети е и помошта на родителите со еднократната парична помош од 8 000 денари за новороденче и 3 500 денари за секое прваче, укинувањето на сите дополнителни трошоци во детските градинки, како и мерката со која сите ученици од четврто одделение ќе добијат таблет од општината, за полесно совладување на образовниот материјал. ки/аа/  

Остани поврзан