• вторник, 05 ноември 2024

Состанок на Комисијата за заразни болести

Состанок на Комисијата за заразни болести

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан