• петок, 22 ноември 2024

Сорос ќе донира една милијарда долари на универзитети за зајакнување на демократијата

Сорос ќе донира една милијарда долари на универзитети за зајакнување на демократијата
Вашингтон, 24 јануари 2020 (МИА) - Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос планира да донира една милијарда долари на универзитети, со цел зајакнување на демократијата и едукација на протераните заедници. Тој сака да ги поврзе постоечките универзитети низ светот, како одговор на глобалното затоплување, протестните движења во светот и политичките трендови. - Минатата година најголемите сили - САД, Кина и Русија - останаа во рацете на диктаторите или на оние што сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарни лидери продолжи да се зголемува, изјави 89-годишниот милијардер на вечерата што се организира секоја година на Светскиот економски форум во Давос. Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ), основан и финансиран од Сорос, ќе биде дел од мрежата. Сорос минатата година мораше да го премести ЦЕУ од Будимпешта во Виена, откако Унгарија легално ја спречи работата на ЦЕУ. Дел од средствата на Сорос ќе бидат наменети за студенти бегалци и затвореници, студенти Роми и Рохинџи. Сорос ги критикува политичарите како што се американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а тој е обвинет од екстремната десница за промовирање и финансирање на илегална масовна миграција во Европа. гт/

Остани поврзан