• среда, 02 октомври 2024

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон конфликтот во Појасот Газа

Соработничка на Бајден со еврејско потекло поднесе оставка поради политиката на САД кон конфликтот во Појасот Газа

Вашингтон, 16 мај 2024 (МИА) - Специјалната помошничка на шефот на кабинетот на  американскиот претседател во одделението за внатрешни работи, Лили Гринберг Кол, поднесе оставка поради американската политика кон конфликтот во Појасот Газа.

Гринберг Кол е првиот еврејски член на администрацијата во Вашингтон кој поднесе оставка во знак на протест поради ставот на Америка за актуелниот израелско-палестински конфликт.

Таа го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ги користи Евреите за да ја оправда американската политика во конфликтот, пишува „Гардијан“. рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан