• вторник, 05 ноември 2024

Соопштени номинациите за БАФТА наградите, Никол Кидман недостасува во трката

Соопштени номинациите за БАФТА наградите, Никол Кидман недостасува во трката
Лондон, 3 февруари 2022 (МИА) - Британската академија за филмска и телевизиска уметност ги објави номинираните за почесните награди. Многумина велат дека се доста изненадени од номинациите. На пример, новиот филм за Џејмс Бонд се очекуваше да биде во центар на наградите, а сепак, таа чест ја доби научно фантастичниот трилер „Dune“, кој заработи 11 номинации, многу од оние во техничките категории. Од трката за најдобра актерка, недостасуваат Никол Кидман и Оливија Колман, но и Кристен Стјуарт, за која се вели дека, очигледно принцезата Дијана не ги поколеба гласачите на БАФТА (British Academy of Film and Television Arts). Номинациите ги соопшти водителката Еј Џеј Одуду и Том Ален, денеска, во обновената зграда на БАФТА во Лондон. Во категоријата за режија, еднакво се застапени и женските и машките режисери, за разлика од лани, кога четири од шест режисери беа жени. Како што информираа организаторите за „Variety“, наградите ќе се доделуваат со физичко присуство на 13 март во Ројал Алберт Хол. Ребел Вилсон на настанот ќе го има своето деби како домаќин. Во категоријата за најдобар филм се најдоа „Belfast“, „Don’t Look Up“, „Dune“, „Licorice Pizza“ , „The Power of the Dog“. За најдобар режисер, номинациите гласат: „After Love“ - Алим Кан, „Drive My Car“ - Рјусуке Хамагучи, „Happening“ - Адри Диван,  „Licorice Pizza” - Пол Томас Андерсон, „The Power of the Dog“ - Џејн Кампион, „Titane” - Џулија Дукорнау. Во трката за најдобра главна женска улога се Лејди Гага, Алана Хаим, Емилија Џонс, Ренате Реинсве, Џоана Сканлан, Теса Томпсон. Во машката категорија пак, се борат Адел Актар, Махерсхала Али, Бенедикт Кумбербач, Леонардо ДиКаприо, Стивен Грахам, Вил Смит. За највпечатлив британски филм, номинирани се „After Love“, „Ali & Ava“, „Belfast“, „Boiling Point“, „Cyrano“, „Everybody’s Talking About Jamie“, „House of Gucci“, „Last Night in Soho“, „No Time to Die“, „Passing“. Како најдобри во категоријата филм, кој не е на англиски јазик, избрани се „Drive My Car“, „The Hand of God“, „Parallel Mothers“, „Petite Maman“, „The Worst Person in the World“. Во категоријата за најдобар аниминиран филм - „Encanto“, „Flee“, „Luca“, „The Mitchells Vs the Machines“. бд/ссм/

Остани поврзан