• недела, 22 декември 2024

Соопштение од Државното правобранителство за постапување на Антикорупциската комисија

Соопштение од Државното правобранителство за постапување на Антикорупциската комисија
3 јуни 2022  Во соопштение за медиумите на 01.06.2022 година од страна на  Државната комисија за спречување на корупцијата е наведено дека истата поднела барање до Јавното обвинителство за покренување на постапка за утврдување на одговорност, покрај останати одговорни лица и против одговорното лице на Државното правобранителство на РСМ за склучен договор за дело со Бесмира Ејупи. Во истото се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата, издвојувајќи го како посебен случај склучениот договор на дело со наведеното лице, а преку Катица Николовска, член на ДКСК која го образложила предметот  од документите кои ги добила од институцијата,  покрај останато истакнала  ...,,Од добиените документи се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има склучено два договори од март 2021 и сеуште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение за општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено лице. Крактеристично според Николовска е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користи еден терк за секој месечен извештај.,, Државното правобранителството заради запознавање на јавноста со фактите за конкретниот случај го дава следното појаснување: Навистина на барање на наведениот член на ДКСК се дадени сите побарани докази од страна на Државното правобранителство на Република Северна Македонија од кои произлегува дека договорот со Бесмира Ејупи е склучен согласно одредбите од Законот за трансформација на работниот однос, дека истото е сторено по добиената согласност од Министерството за финансии, дека согласно договорот е извршена работата заради која е ангажирано лицето, како и дека согласно договорите од негова страна се дадени потребните извештаи за сработеното со сите прилози со кои се поткрепува истото и кои се проверени и одобрени од надлежно лице во институцијата. На наведениот начин во целост е запазена процедурата предвидена во позитивното право, што подразбира дека нема незаконитост, ниту било каква злоупотреба во работењето на одговорното лице на оваа институција.   Според тоа, Државното правобранителство на РСМ во интерес на објективно информирање на јавноста, бара ДКСК  да и одговори на јавноста дали има овластување и надлежност според законот да оценува форма, содржина и начин на составување на извештаите за сработеното од страна на ангажираното лице и да се впушта во анализа на употребени зборови од кои заклучува дека извештаите за сработеното биле идентични, кога неспорно е дека идентични биле и месечни работни обврски кои лицето било обврзано да ги изврши согласно склучените договори.   Државното правобранителство бара ДКСК да појасни на јавноста од каде произлегува нејзината констатација дека за истите работни обврски на ангажираното лице веќе имало вработено лице кога такво лице нема вработено. На крајот, Државното правобранителство бара членот на Комисијата Катица Николовска, јавно да одговори на прашањето дали евентуално постои судир на интереси при нејзино постапување во случајот со Државното правобранителство?                                      ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО                                     НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.                                         

Остани поврзан