• вторник, 19 ноември 2024

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 1 јули 2020 Зоран Заев имаше шанса 3 години да држи економски лекции, но тој држеше лекции за криминал, рекет и корупција. Македонија е на листата на најкорумпирани држави на Транспаренси интернешнл. Три години наместо инвестиции гледавме рекет на бизнисмени, гледавме како Боки 13 во Луј Витон торба носи милиони евра за на крај да посочи дека тие рекетирани милиони завршиле кај Зоран Заев. Видовме како Ден Дончев става снопчиња со рекетирани пари во кожна чанта. Слушнавме како Црногорски бизнисмени даваат 300.000 евра мито за Заев и Рашковски. Зоран Заев е на врвот на пирамидата на криминалот во Македонија. Три години наместо економски лекции Заев држеше лекции за местење на тендери. Заев политиката ја разбира како средство за лично богатење. На 15 јули овој криминал ќе престане, народот ќе избере Обнова за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан