• понеделник, 01 јули 2024

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 12 ноември 2022 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец. На местото на несреќата поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а според првичните информации нема повредени лица во сообраќајната несреќа. Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта.вс/лв/

Остани поврзан