• петок, 22 ноември 2024

Советот на Општина Охрид со став дека Охридското Езеро треба да биде репрогласено за „Споменик на природата“

Советот на Општина Охрид со став дека Охридското Езеро треба да биде репрогласено за „Споменик на природата“
Охрид, 29 септември 2021 (МИА) – Советот на Општина Охрид денеска ја изгласа Студијата за валоризација на Охридското Езеро, документ што треба да го репрогласи заштитеното подрачје во категоријата „Споменик на природата“. Според документот, отсуството активна заштита на поширокиот еко-систем на Охридското Езеро влијае врз неговото стопанисување и управување. Урбаниот развој, пловните објекти, отпадните води се меѓу факторите што директно влијаат врз системот придонесувајќи за неговата директна загрозеност. Изготвувачот на Студијата, Даниел Богнер, вели дека независно постоењето повеќеслојна заштита на езерото преку бројните документи, планови, конвенции, станува збор за Студија што се однесува исклучиво на Охридското Езеро односно заштита само на неговиот акваторијален дел. Според Студијата, станува збор за подрачја што според одредени критериуми се исклучително важни, дали како мрестилишта за риби или места каде што живеат птици. Токму од тие причини за посочените подрачја предложена е забрана за рибарење, нуркање и слични активности. Што се однесува на зоната пак за одржливо користење, тоа е дел од езерото каде е дозволено движење на патнички бродови и глисери, со ограничување на нивната брзина. Во зоната за активно управување, предвидени се рестрикции односно дозволено е движење на кајчиња и катамаран, но со услов во следниот транзициски период до 2025 година да се создаде можност за префрлање на нивните мотори на електричен погон. За да стане обврзувачки документ Студијата за валоризација на Охридското Езеро треба да биде одобрена од ресорното Министерството за животна средина и просторно планирање. аб/ки/

Остани поврзан