• петок, 22 ноември 2024

Собјанин: Рестриктивните мерки во Москва ќе бидат укинати овој месец

Собјанин: Рестриктивните мерки во Москва ќе бидат укинати овој месец
Москва, 8 јуни 2020 (МИА) - Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави денеска дека сите големи ограничувања кои се однесуваат на новиот коронавирус ќе бидат укинати во рускиот главен град овој месец. Тој нагласи дека салоните за убавина и ветеринарните клиники ќе бидат отворени од утре, музеите и терасите на кафулињата од 16 јуни, а фитнес центрите и рестораните од 23 јуни. Собјанин истакна и дека од утре ќе бидат укинати правилата за самоизолација и издавањето дозволи за патувања. Градоначалникот додаде дека сите жители на Москва, вклучувајќи ги и оние на возраст над 65 години и луѓето со хронични заболувања, ќе можат слободно да се движат низ градот и да посетуваат јавни места. гт/

Остани поврзан